Фон дер Лајен: Европа треба да ја зголеми помошта за Украина
Европската унија порача дека Европа мора да ја засили поддршката за Украина, откако Вашингтон донесе одлука привремено да ги прекине испораките на дел од оружјето за Киев, јавува АФП, пренесува БГНЕС.
„Ова е јасен сигнал дека треба да ја зголемиме нашата сопствена поддршка и да го забрзаме развојот на европските одбранбени капацитети – не само на ниво на Европската унија, туку и на континентално ниво,“ изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред новинарите за време на својата посета во Данска.
