Фон дер Лајен: Одлуката за Бугарија и Романија во Шенген беше историска
Одлуката за Романија и Бугарија беше историска. Од 1 јануари 2025 г ќе се укинат контролите на внатрешните копнени граници. Тие ќе бидат целосно интегрирани во Шенген зоната и таму припаѓаат. Ова го изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста, јавува БГНЕС.
Во врска со одлуката за Шенген, фон дер Лајен исто така рече: „Тоа беше голем чекор напред“.
Претседателката на ЕК извести за „многу достигнувања за време на унгарското претседателство“ со (Советот на ЕУ).
„Ја унапредивте нашата поддршка за Украина со усвојувањето на 15-тиот пакет санкции и рамковниот договор Г-7 за заеми. Исто така, сакам да ја истакнам амбициозната декларација од Будимпешта. Сите се потпишавме под една цел – конкурентна Европа. Декларацијата ја опишува домашната работа што треба да ја направиме за Европа да остане главна дестинација за бизнис“, изјави Фон дер Лајен обраќајќи се кон Орбан.