Фондација „Единство“ Кочани со важна информација за сите кандидат студенти од РС Македонија кои сакаат да студираат во Бугарија
Сите кандидати што сакаат да аплицират за студирање во Р.Бугарија имаат рок до 30 мај да аплицираат и да прикачат документи за упис на електронската платформата https://eskis.mon.bg/auth/login/, јавуваат од фондација „Единство“ Кочани.
Потребни документи: 1.Диплома или документ за завршено средно образование 2.Свидетелства од сите 4 години средно образование. 3.Потврда издадена од училиштето во која пишува дека може да студирате во странство. 4.Извод на родените 5.Пасош и лична карта Сите што имаат документи за бугарско потекло ( мајка,татко бугарски државјанин или стар бугарски документ од предците) го докажуваат со изводи ( извод на родени од живите, или посмртница од починатите од вас па се до предокот со стариот документ ) или со прикачување на ваш извод на родени плус копија од бугарски лични карти или пасош од родителите ако аплицирате преку родител по ПМС № 103/1993 г . Останатите можете да аплицирате под ПМС № 228/1997 г. т.е. без документи за бугарско потекло.
Документите не се преведуваат. Сите информации поврзани со уписот кандидатите можат да следат на https://mon.bg/bg/173 или да се обратат кон Фондација Единство – Кочани Кандидатите аплицират и прикачуват документи сами. Испитот ќе биде на 29 јуни от 10 часот онлајн. Среќно на сите идни студенти, соопштуваат од фондација „Единство“ Кочани.
Во прилог од фондација „Единство“ го посочуваат редоследот на аплицирање:


