(Фото) Дали да очекуваме нови црни списоци со имиња и слики на Бугари од РС Македонија?

/

Батево што сака да го викаат Шефот, е голем интернет патриот. Пишува глупости и бидејќи не знае како да врати на напишаното од Владимир Перев во Трибуна, Фактор.бг и БГНЕС, става негова фотографија и соли памет за тоа, кој каде живеел, каде работел и каде му растеле децата.

На „Шефот“ изгледа му пречи фактот што интелектуалец како Владимир Перев, конечно може да ги искаже своите ставови преку пишаниот збор. Нешто што го прави на мајсторски начин и тоа не го кажуваме само ние неговите пријатели од „Трибуна“, туку го потврдуваат и неговите идеолошки неистомисленици, кои се разбира за разлика од горенаведениов интернет патриот, имаат многу повеќе од „два сантима школо“.

Брзам да ги смирам „патриотите“ на дување и патриотите со шефовски комплекси дека Владимир Перев ќе продолжи да пишува затоа што, неговите зборови треба да бидат прочитани и слушнати.

На интернет патриотите како Шефот им останува само да си прават „црни списоци“ со нивните неистомисленици. Ако беа вистински патриоти со име и презиме и со докази за своите тврдења ќе излезеа од својот дигитален свет на анонимноста и гради во гради ќе се судреа со ставовите на луѓето кои ги напаѓаат само затоа што се Бугари од Македонија.



Но за да се судриш со некого гради во гради, се потребни атрибути на машкост. Нешто што им недостасува не само на Шефот, туку и на сите јадачи на трици, кои се многу силни додека анонимно шират омраза, но немаат храброст јавно да застанат пред човекот што виртуелно се обидуваат да го расчеречат. Многу бедно.

Претходна статија

Македонија и српскиот јазичен империјализам

Следна статија

Според авторитетното издание „Политико“, „Бугарските патриоти“ влегуваат во следниот Парламент

Најново од Истакнато