ФОТО: ДАЛИ И СЕГАШНИТЕ „ИНОВАТИВНИ“ ФУНКЦИОНЕРИ ЌЕ СЕ ВОЗАТ ВО МЕРЦЕДЕСИ ОТКАКО ЌЕ ПАДНАТ ОД ВЛАСТ?

Наш читател ни испрати фотографии на поранешниот висок државен функционер Митко Чавков и неговиот автомобил. Во случајот тоа е само еден пример за тоа какви коли возат поранешните функционери во Република Македонија. Порталот „Трибуна“ прашува: Дали и сегашните високи државни функционери, некои од кои познати по својата „иновативност“ ќе се возат во скапи мерцедеси, откако ќе ја напуштат власта? Сакаме да напоменеме дека фотографиите со г-нот Чавков се земени само како пример.