ФОТО: Еве што го натерало лицето Б.Ц. да се повлече од македонската политичка сцена
Село гори, Бранко си се чешла. Еден куп работи се случија, него жив го нема да се јави. Тоа не беа тирански платформи, договори со Бугарија, џандарки се удираа во пајаци, закони за двојазичност, покачувања на даноци… абе чуда. А Бранко го нема. Како да сме го навредиле нешто, како да не сме го оцениле доволно…
(Написите објавени во рубриката „Кромидарки“, се плод на имагинацијата на нашиот мал, но сплотен колектив. Тие не спаѓаат во така озогласената категорија fake news, бидејќи немаат за цел да шират страв омраза и параноја, туку се обид за малку поинаков поглед на нашата реалност. Се надеваме дека личностите спомнати во нашите написи, ќе погледнат на нашиот труд со чувство за хумор и нема да нѐ шетаат по судови
).
