ФОТО: ФИЛИПЧЕ СО УБАВА ВЕСТ: ПАЦИЕНТКА НА 94 ГОДИНИ ГО ЧЕКА СВОЈОТ КОНТРОЛЕН ТЕСТ И ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНА ЗА РАДОСТ НА НЕЈЗИНОТО СЕМЕЈСТВО

Министерот за здравство д-р Венко Филипче објави прекрасна вест на социјалната мрежа facebook. Пациентка на 94 години, позитивна на Ковид-19 го очекува својот контролен брис за коронавирусот, за да биде пуштена од болнично лекување за радост на нејзиното семејство и секако за тимот на Инфективна.

Случајот со возрасната дама, г-ѓа Зорка Каранфиловска покажува дека тимот на Инфективна клиника со сите свои сили и капацитети се бори за секој пациент погоден од коронавирусот Ковид-19.