(Фото) Искршена таблата на клубот „Цар Борис III“ во Охрид

//

Таблата на влезната врата на клубот на здружението на граѓани „Цар Борис III“ од Охрид денеска беше демолирана од непознат сторител.

Инцидентот се случил околу 12:30 часот денеска.
„Имавме посета на претставници на ОБСЕ кои дојдоа да се запознаат со нас. Веднаш по нивното заминување кон клубот се приближи човек кој со остар алат во вид на секира започна да ја крши таблата на клубот“, изјавија за нашиот портал од здружението на граѓани „Цар Борис III“ од Охрид.

Ова не е прв пат простории на бугарски клубови во РС Македонија да бидат објект на напад. Пред неколку месеци пејачот Ламбе Алабаковски се обиде да го запали клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.



Претходна статија

Вработени во „Колска“ го блокираа железничкиот сообраќај

Следна статија

Д-р Милен Врабевски ќе ја покрие штетата од вандалскиот напад врз клубот „Цар Борис III“ во Охрид

Најново од Вести