„Никола Алтипармаков: „Дебарската зографска школа“, „Македонски збор“- Орган на македонската емиграција‘, год. I, бр. 17, Софија, 12 јануари 1935 г.“
Извор: Библиотека Струмски
„Ова школа нè потсетува на величествената епоха на Самоиловото царство. Кога на почетокот на XI век Бугарите беа поразени, а културниот центар Охрид разурнат од Византијците и Турците што дојдоа по нив, бугарштината, за да ја сочува својата култура, името и честа, се повлече по течението на реката Дрин и се засолни во длабочините и вечните шуми на Шара, крај пенестата река Радика. Тука, под мистично замолчените шуми, изградија светилиште – манастирот „Св. Јован Бигорски“ (1023 г.). Под куполите на ова светилиште, поробените предци на дебарчани ја истураа својата болка и тага по изгубената слобода, преку резба и живопис.“
„Никола Алтипармаков од с. Доленци, Битолско е револуционер на ВМОРО, член на Битолскиот окружен комитет на организацијата. Како член на ВМОК учествува во Горнџумајското востание, заедно со генерал Иван Цончев. Зема учество и во Илинденското востание. По присоединувањето на Вардарска Македонија кон Бугарија во 1941 година, Алтипармаков се враќа во Битола и станува член на месниот бугарски акционен комитет, а подоцна е претседател на Илинденското друштво во градот. Починал во 1953 година.“