СПЕЦИЈАЛНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ СИ ОДАТ, ЈОВЕСКИ МОЖЕ ДА ИМ ГИ ДОДЕЛИ ПОВТОРНО ПРЕДМЕТИТЕ
Советот на јавни обвинители денеска треба да го констатира престанокот на мандатот на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство.
Мандатот на обвинителите престанува автоматски откако во саботата сецијалната јавна обвинителка Катица Јанева, која во моментот е во притвор беше едногласно разрешена од членовите на Советот.
Доколку донесе одлука јавниот обвинител Љубомир Јовевски има можност да им ги додели повторно предметите на поранешните специјални обвинители.