ГДУ: ДАЛИ ОПШТИНА ШТИП ИМА ПРЕДВИДЕНО СРЕДСТВА ЗА ИЗГРАДБА НА ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Вести Истакнато Македонија

Општина Штип да одговори пред граѓаните што и е поважно децата или кучињата. Со ова барање излегоа денес од Граѓанско Демократската Унија, поставувајќи и конкретни прашања на локланта власт во Штип:

„Дали со буџетот за 2019 година се предвидени средства за изградба на центар за деца со посебни потреби или било каква друга мерка за помош на оваа категорија? До каде е изградбата на стационар за кучиња или било каква друга мерка за решавање на проблемот со бездомните кучиња? Што е со поголем приоритет за локалната самоуправа? Дали се децата со посебни потреби, стационарот со кучиња или можеби и двете?“, праша Борче Пачемски, прет. на ГДУ – Штип.

Од ГДУ потсетија дека нивните прашања се базираат на веќе дадени ветувања од страна на Општината до родителите на деца со посебни потреби:

„Само да напоменеме дека на средбите со дел од родителите и нивните деца со посебни потреби, забележавме и констатиравме дека не се потребни огромни суми и средства за да се решат нивните секојдневни потреби.  Доколку ние како општество не можеме да задоволиме такви мали и едноставни потреби, треба да се запрашаме самите себе за многу работи, особено за нивото на нашата човечност“, кажа Пачемски.

На прашањата на ГДУ од општина Штип денес останаа воздржани од коменар.