КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА ГИ ОБВИНИ ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ВО ЛАЖЕН ПАТРИОТИЗАМ.

Вести Истакнато Македонија

Пратеничката од групата од 8 пратеници кои ги поддржуваат Уставните измени, Елизабета Канчевска Милевска ја обвини ВМРО ДПМНЕ за лажен патриотизам. Според неа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го избрале најлесниот и најсрамниот пат да не присуствуваат на седницата. Милевска од собраниската говорница изјави дека таа и нејзините колеги не се предавници, туку се тие кои ги ставиле државните интереси пред личните.