| |

Од денеска во Бугарија задолжително двојно означување на цените во левови и во евра

Од денеска цените на производите и услугите во продавниците и трговските објекти во Бугарија мора задолжително да бидат истакнати во двете валути — и во левови, и во евра, јавува БГНЕС.

Двете цени треба да бидат напишани со ист фонт и иста боја, за потрошувачите да не бидат доведени во заблуда дека станува збор за некаква промоција. Доколку навистина има попуст или акциска понуда, таа мора да биде означена на посебна етикета и јасно препознатлива. Исклучок од ова правило важи за бензинските пумпи и такси услугите.

До 31 декември наредната година, трговците нема да смеат да ги зголемуваат цените без оправдани и објективни економски причини.



Слични Објави