| |

Во сабота ќе се одржи 17-от „Марш на ангелите“ во Кочани

Здружението на граѓани „16-ти март 2025“ од Kочани го најави 17-от „Марш на ангелите“, кој ќе се одржи оваа сабота, 9 август, со почеток точно во 18 часот и 5 минути. Настанот ќе почне од градскиот парк во Кочани, а движењето ќе продолжи кон трговскиот центар, седиштето на општина Кочани, локалната канцеларија на министерството за внатрешни работи, како и Основниот суд во Кочани.

Организаторите упатуваат јавен повик за мирно и достоинствено учество, со посебен акцент на почитување на болката и приватноста на семејствата кои го предводат маршот. Како што се истакнува, настанот претставува реакција на, како што велат, „задоцнетата институционална реакција која доведе до трагедијата“.



Слични Објави