Одбележани годишнините од смртта на полковник Каварналиев и Спаска Митрова

//

Минатиот викенд од страна на бугарските дипломатски представништва во РС Македонија беа одбележани годишнините од смртта на големиот бугарски војсководец полковник Константин Каварналиев и мајката хероина Спаска Митрова, која не напушти минатата година.

На 26 јуни пред возобновениот во 2019 г. споменик на полковникот Каварналиев во близина на Дојран се одржа комеморативна церемонија и беше служена панахида по повод 108-та годишнина од херојската смрт на големиот бугарски воен командир. На настанот присуствуваа претставници од Министерството за одбрана на Република Бугарија, членови на „Унијата на ветерани од војните на Бугарија“, дипломати од амбасадата на Република Бугарија во Скопје и од Генералното конзулство во Битола. Присутни беа и голем број гости од РС Македонија и Бугарија.

Во своето свечено обраќање амбасадорот на Република Бугарија н.е. Ангел Ангелов го подвлече херојскиот подвиг на полковник Каварналиев, кој го дал сопствениот живот во името на тоа илјадници цивили од градот Кукуш да можат да се спасат од војските на непријателот во виорот на Втората балканска војна.

На крајот од церемонијата, присутните положија венци и цвеќиња на споменикот на легендарниот воен командир.

На 27 јуни 2021 година, во Гевгелија беше одбележана првата годишнина од смртта на Спаска Митрова. Церемонијата се одржа на гробот на починатата во присуство на верски лица, роднини и пријатели, амбасадорот на Република Бугарија, генералниот конзул во Битола и дипломати од бугарските дипломатски мисии во Република Северна Македонија. По комеморативната церемонија, во тесен семеен круг, амбасадорот Ангел Ангелов ја додели наградата „Бугарка на годината“ на Сузана Митрова, ќерка на Спаска Митрова.



Потсетуваме дека Спаска Митрова беше првата Бугарка номинирана за наградата „Бугарка на годината“.

Претходна статија

Македонија Бугарија и лажливите соросоиди

Следна статија

Димитров: Изјавата на Закариаш е крајно несоодветна

Најново од Вести