ВИДЕО: И. ЈОРДАНОВ ЧЛЕН НА ИК НА ДПМНЕ: ЈАС ЌЕ БОЈКОТИРАМ!
Во недела на 30 септември јас ќе го слушам моето срце и разум.Во Недела мојот разум ќе ме наврати на тоа дека овде низ овие сокаци минувале и делувале Александров, Делчев, Груев, Петров, Апостолски како и многу други знајни и незнајни Македонци.Денес благодарение на нив чекориме по нивните оставени патеки.Еден ден сите ние ќе бидеме минато и се што сакаме е тоа минато да биде засновано на Македонската вистина. Во недела 30 – ти септември овде во Црквата Успение на Пресвета Богородица во Ново Село, од срце ќе се помолам Господ да ја сочува Македонија.Затоа слушајќи го моето срце и разум како и мојата совест, јас нема да излезам на овој манипулативен референдум.
Никогаш Северна, секогаш Македонијa, напиша на својот профил членот на ИК и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип- Иван Јорданов.

