|

БУГАРИЈА СЛАВИ 110 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ

На 22 септември 1908 година во старата бугарска престолнина Велико Трново, бугарскиот кнез Фердинанд со манифест ја прогласува независноста на Бугарија. Овој чин ефективно ги отфрла последните вазални односи на Кнежеството Бугарија со Отоманската империја. Кнежеството Бугарија станува независна држава предводена од крунисаниот за цар, Фердинанд. Османската империја, а потоа и Големите сили официјално ја признаваат независноста на Бугарија. Датумот 22 септември е објавен за државен празник на Република Бугарија со одлука на Народното собрание од 10 септември 1998 г. Преговорите меѓу Бугарија и Османската империја почнуваат веднаш, а бугарската делегација ја води ресенчанецот и иден бугарски премиер Андреј Ляпчев. Oфициалното признавање на бугарската независност се случува на 6 април 1909 година, по што во текот на 10 дена европските сили ја признаваат Бугарија за царство и за независна држава.

Слични Објави