Фото-изложба за Ченто во Кочани

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани утре (12 април) со почеток во 12 часот ќе биде отворена изложбата „Ченто-биографија низ фотографии“ на историчарот и кустос советник Рубинчо Белчевски …

Изложбата содржи хронолошки подредени фотографии, собрани на едно место, со цел, на посетителите да им се овозможи проследување на животот и бројните активности на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.

Проектот е реализиран низ бројните истражувања на авторот во Прилеп и пошироко низ Република Македонија, а со поддршка на Министерството за култура и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.

Слични Објави