(Фото) Одбележуваме 101 година од смртта на поречкиот војвода на ВМРО Арсо Јовев Локвички
На 10 март 1923 г. биле стрелани во местноста Визбегово каj Скопjе од страна на српската власт воjводата на ВМРО – АРСО JОВЕВ ЛОКВИЧКИ (роден 1870 г.) од поречкото село Локвица и неговиот другар Петар Ацев од велешкото село Теово. Арсо Jовев учествувал во Илинденското востание во четата на воjводата Jордан Пиперката. По востанието бил назначен за поречки воjвода каде водел жестоки, често неравни борби со четите на српската пропаганда во Поречието и Азот. Во 1905 г., во битка на обединентите чети на ВМОРО и четите на србската вооружена пропагандна, крај с. Крапа Арсо Локвички е ранет во десната нога. Учествувал во Балканската и Првата светска војна. Во 1922 г. заедно со својот другарот Петар Ацев од Азот е испратен от ЦК на ВМРО во Кичевско, но во Скопско тие се заробени од српските окупациони власти. После долго измачување се осудени на смрт од Воениот суд и биле стрелани. Смртта на Арсо Локвички, заедно со онаа на Љубомир Весов и Илија Дигалов е најголемата загуба на ВМРО во Западна Македонија до 1924 г.
“Утрото во 6 ч. додека врнеше голем дожд, стрелани се во атарот на с. Визбегово, скопско двајца Бугарски комити Арсо Јовев од Локвица, поречко и Петар Ацев од Теово, велешко кои со пресуда на скопскиот првостепен суд од 26. јуни минатата година се осудени на смрт. Во таа голема комитска афера осудени се околу 175 души, а од кои 5 беа осудени на смрт, а околу 90 на робија. Тие се четници од кои дел се фатени во борба со нашите власти, а дел после тоа заедно со револуционерни прокламации на централниот комитет на Бугарската револуционерна организација.“

