ФОТО: Снегот повторно „изненади“ во јануари, неколку сообраќајки

/

Сообраќајни несреќи на автопатиштата низ Македонија по снежните наноси, објави порталот А1он.мк На патот Велес-Скопје има судрени два автомобили и излизган камион. Две сообраќајки се случија на патниот правец Скопје-Штип. Очевидци, состојбата ја опишуваат како „апокалиптична“. Велат дека коловозите се лизгави и неисчистени, претпоставуваат дека тоа е и причината за несреќите. Од МВР потврдуваат дека сите настани се пријавени.

Извор: Zoom. mk





Претходна статија

Џамбаски од протестот на ВМРО-Бугарија: Не ги пренесувајте интересите на македонските Бугари (ВИДЕО)

Следна статија

Животот во Македонија станува се поскап, најголем скок во изминатите 7 години

Најново од Вести