| |

(Фото) Во Скопје одбележан 2 јуни-Денот на Христо Ботев и на загинатите за слободата и независноста на Бугарија

„Велат дека Татковината може да загине само кога ќе ја снема од срцата на нејзините синови. Веќе 146 години, огнените зборови на Ботев и неговиот легендарен револуционерен пат запалија пламен во срцата на генерации Бугари и силно не потсетуваат што е тоа должност и што е тоа Татковина“. Со овие зборови амбасадорот на Р. Бугарија во Скопје Ангел Ангелов се обрати кон присутните, кои дојдоа пред барелјефот на бугарскиот револуционер и генијален поет Христо Ботев, за да му оддадат почит нему и на сите загинати за слободата и независноста на Бугарија.

Во својот говор амбасадор Ангелов ја истакна големината на делото на Христо Ботев и додаде дека тој бил „визионер, учител со учителите, бунтовник со бунтовниците, изгнаник со изгнаниците. Ангелов традиционално ги спомна и имињата на сите комити од четата на Ботев, кои потекнуваат од географската област Македонија.

Петар Симеонов, подвојвода во четата, од Велес, Димитар Ќучуков од Крива Паланка, Андон Куков од Прилеп, Тодор Христов од Битола, Атанас Николов од село Горно Броди (Серско), Христо Аврамов и Христо Иванов от Тетово, Антон Куков от Охрид, В’лчо Добрев, Петар Џорџев и Антон Стојанов од Призрен, Тодор Стојанов, Јанко Атанасов и Григор Костов од Неврокоп (денес гр. Гоце Делчев), Стојан Стојков и Христо Лазаров од село Јакоруда (Разложко) и Стојан Ангелов от Разлог. 

„Нивната посветеност на идеалот за слободна и независна Бугарија наоѓа природно продолжение во делото на ВМОРО, Татарчев, Гоце, Даме, Ѓорче и илјадниците угнетени кои историската судбина ги остави надвор од границите на Татковината, кулминирајќи со Илинденско- Преображенското востание. Наша должност е да ги пренесеме заветите на Ботев на идните генерации како пример и доверба во ова време на тешкотии и искушенија. Убеден сум дека можеме, како него, како неговите бунтовници и сите познати и незнајни херои, со цврстина и доследност, со гордост и ревност, да ја сакаме нашата татковина и да работиме за нејзината благосостојба“, рече во својот говор амбасадорот Ангелов.

Присутните гости, дипломати, воени, Бугари од Македонија и пријатели на Бугарија од Скопје положија свежо цвеќе на барелефот на Христо Ботев, поставен на фасадата на бугарската амбасада во Скопје.



Слични Објави