|

(Фото) Волјата на царот Николај е да бидете Срби

На 28 септември 1953 г. во Софија умира СТЕФАН НИКОЛОВ АВРАМОВ, новинар и револуционер на ВМОРО. Тој е роден 1884 г. во Чирпан. Завршил гимназија и станал учител во Велешко со посредство на Гоце Делчев, каде се присоединил на организацијата. Учествувал во Илинденското востание како четник на Георги Сугарев. По задушувањето на востанието се бори со србската и грчката вооружена пропаганда во Македонија при што е ранет. Во 1906 г. бил секретар на Битолскиот вооружен округ. После средбата со Димитар Благоев ги шири социјалистичките идеи во Македонија. Бил член на раководното тело на организацијата на ветераните на ВМРО – ИЛИНДЕН и објавува статии во списанието „Илустрација Илинден“. По молба од Тодор Александров лично, С. Аврамов ги пишува и објавува своите спомени од четничката дејност во Македонија. Во 1923 г. се зачленил во БКП и активно учествува во политичкиот живот на левото крило на македонската емиграција во Бугарија. Го потпомага со редакторска дејност албумот АЛМАНАХ МАКЕДОНИЈА. По ВСВ е назначен за председател на Илинденската организација во Бугарија.

“Вукович беше доста љубопитен и не се стрпи, а почна да ме разпитва, како сум попаднал во плен. Јас замолчив. Кога неговите другари заспаа, тој се отпушти и заговори многу дружељубиво: Јас сум Србин од Шумадија, дојдов да се бијам за слободата на србскиот народ, но се убедив, дека тука сето е бугарашко, па и самите (србомански) војводи: Григор, Тренко, Јован, Јосиф и сите се бугараши.

Навечер србската чета ме одведе на една полјана сред гора, близу крај с. Крапа, каде што беа собрани многу од србоманите од околните села. Таму „србскиот” народ чекаше да ги види великите гости. Рускиот и србскиот конзули беа свечено пречекани со акламација „живио”. Србскиот конзул по наредба на Григор Соколов(ич) почна да говори на собраните четници и селани за србската слава, за Душан славни, за Стефан Урош, за Марко Кралевич, за блескавата србска слава и за јуначните војводи Григор, Тренко, Јована и др. Тој посака да ги види бугарашит. Освен мене, веднагаш беа истерани напред запленетите четници од четата на Арсо Локвички и селани, кои му давале прибежиште. Не’ одведоа поблизку до конзулит. На зададеното прашање од страна на србскиот конзул „ща си ти?” — одговорив: Бугарин, — точно така, како одговори пред мене запрашаниот бивш Арсов четник. Тогаш конзулот почна со историски „податоци” и „докази” да не’ убедува, дека ние и сите македонци сме прави Срби и не сме заблудени од бугарашите. После многу извртувања и безсмислености, србскиот конзул заврши со извик: „Живела Стара Србија”.

Јас имав силна вера во рускиот конзул и очекував тој да ме запраша, та да можам да разменам мисли со него, меѓутоа, покасно разбрав, дека сето е излишно. Му се даде збор на рускиот конзул кој што, меѓу другото, кажа дека на Балканот има само едно славенско племе — србското, дека тоа треба да го владее Балканот и дека Македонија е чисто србска земјаа и дека меѓу Срби и Македонци нема никаква разлика. Во една препирка со рускиот конзул, еден од четниците на Арсо Јовев му изјави: „Дедо ми беше Бугарин, татко ми беше българинъ, пъкъ и азъ, докато сьмъ живъ ще си остана Бугарин”. Таа смелост на карактерниот Бугарин ги зачуди сите. Силно изнервиран од дрскоста на тој доблестен Бугарин, рускиот конзул заврши со зборовите: ВОЛЈАТА НА ЦАРОТ НИКОЛАЈ Е ДА БИДЕТЕ СРБИ, тропна со мамузите, кажа куп нецензурни зборови… дурак (будала) и сл., после кое се повлече.“

РЕВОЛУЦИОНЕРНИТЕ БОРБИ ВО АЗОТ (ВЕЛЕШКО) И ПОРЕЧИЕТО



Слични Објави