ФОТОГРАФИЈА НА ДЕНОТ: ГАЛИЧКА СВАДБА

Кога звукот од тапани и зурли ќе го распара воздухот во Мијачијата, нема дилема – почнува Галичката свадба!

Секогаш на Петровден, секогаш со автентични песни и ора, автентични обичаи и надалеку познати народни носии. Во галичник некогаш на Петровден имало и по 40-тина венчавки, а вчера во црквата „Св. Апостол Петар и Павле“ својот завет на заеднички живот го дадоа Огнен Караѓозоски, по потекло од Галичник, и Марина Петровска. „Галичката свадба“, која традиционално се реализира со поддршка од Министерството за култура, беше под покровителство на македонскиот претседател Стево Пендаровски, а ја следеа голем број гости и посетители од земјата и странство, кои можеа да проследат над 30 обичаи кои се изведуваа за време на свадбарските денови.

Извор: Deutsche Welle