| | |

Одбележуваме 149 години од раѓањето на големиот бугарски револуционер и припадник на ВМРО Коце Ципушев

Константин (Коце) Ципушев е роден во Радовиш на 17 април 1877 година, во семејството на трговецот Димитар Ципушев. Основно образование завршува во родниот град, а во 1895 година го продолжува своето образование во Солунската бугарска машка гимназија „Св. св. Кирил и Методиј“.

Во своите спомени пишува дека за време на летото (1895/1896) бил воведен во Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација од учителот Димитар Шатоев, што било пресудно за неговиот живот. Во Солун станува член на таен ученички кружок под раководство на Даме Груев. Завршува гимназија во 1899 година.

Се жени со Екатерина Александрова, сестра на Тодор Александров, со кум Гоце Делчев. Даме Груев е кум на неговите деца.

Во 1899 година студира хемија во Софија, а од 1900 до 1902 студира на Универзитетот во Женева, заедно со Симеон Радев. По враќањето работи како учител, го раководел комитет во Кочани и дејствувал во Костур. Уапсен е од османлиските власти и осуден на 5 години затвор, но е амнестиран во 1904 година.

Подоцна повторно е затворан (1906) во Скопје. Во 1911/1912 предава во Скопското бугарско педагошко училиште.

По 1913 година се преселува во Софија. Во 1914 станува претседател на окружна комисија во Струмичко и работи по директиви на Тодор Александров.

По Првата светска војна (1918) српските власти го осудуваат на смрт (подоцна пресудата е заменета со 20 години затвор). Ослободен е во 1937 година.

Во 1941 се враќа во Македонија. Од 1942 е потпретседател на радовишкото друштво на Илинденската организација и кмет на Подареш (1942–1944). Во 1943 ја објавува книгата „19 години во српските затвори. Спомени“, со предговор од Симеон Радев.

По 1944 повторно се враќа во Софија. Одбива да соработува со новите власти во процесот на македонизација на Пиринска Македонија. Умира во Софија на 11 јануари 1968 година.

Негови роднини се Кирил Ципушев (внук од брат) и Благoj Ципушев (внук).

Книгата „19 години во српските затвори. Спомени“ е адаптирана на македонски од познатиот публицист и борец за правата на македонските Бугари Владимир Перев во 2003 г.

Слични Објави