ФРАКЦИОНЕРИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ БАРААТ ОСТАВКА ОД МИЦКОСКИ И НОВ КОНГРЕС

/

ВМРО ДПМНЕ – Демократска Фракција го повикува наметнатиот лидер Мицкоски под итно да поднесе оставка од функцијата претседател на партијата. Ова го бараме поради сознанието дека за него се води предистражна постапка за времето на неговото директорување во ЕЛЕМ, соопштија фракционерите.

– Како демократи по убедување ја почитуваме пресумпцијата на невиност, но како партија која настојува да ги негува демократските принципи и вредности сметаме дека оваа покрената постапка може да и наштети на партијата во понатамошното нејзино функционирање и дејствување. Мотив повеќе за барањето оставка е опасноста од уцена на лидерот за да ги прифати неразумните барања на СДСМ во замена за негово поблаго казнување или стопирање на започнатата постапка, а кое би било на штета на државата и граѓанството.

Истоа така како Фракција сме загрижени од можноста преку барањата за измени на кривичниот законик, партијата по којзнае кој пат да биде ставена во заштита на криминалот направен од страна на поединци. Лидер кој е вмровец и кој и мисли добро на државата, граѓаните и партијата поднесува оставка и нема да дозволи партијата и членството да станат заложници за резлизација на нечии туѓи интереси и цели.



 За Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ оставката од лидерската или било која друга партиска или државна позиција во случај на водење на предистражна или истражна постапка е убава и идеална можност секој осомничен или обвинет да ја докаже својата невиност без притоа да ја користи партијата, позицијата или сопственото членство за негова поддршка или заштита.

Доколку во најкраток можен рок Христијан Мицковски не поднесе оставка од претседателската позиција, заради заштита на партијата и државата Фракција ќе биде принудена да почне со собирање потписи од членството за одржување на итен вонреден Конгрес на партијата на кој би се избрал нов партиски лидер без било каква хипотека. Лидер кој нема да биде ничиј заложник и кој достоинствено ќе ги брани националните и партиските интереси, стои во соопштението на фракцијата.



Претходна статија

ВМРО ДПМНЕ: ВЛАДАТА ДАВА ПАРИ САМО ЗА ФИРМИТЕ НА ЛОКВЕНЕЦ И АНЃУШЕВ

Следна статија

СДСМ: ОДЛУКИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЌЕ БИДАТ КОНЕЧНИ

Најново од Вести