| |

Тројца настрадани од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца од настраданите во пожарот во Кочани се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јавува БГНЕС.

Сите тројца се интубирани. Тие беа донесени во Варна со воениот авион Спартан, кој првично слета во Софија, каде што пет пациенти беа сместени во болницата Пирогов.

Во Бугарија се лекуваат 14 жртви од пожарот во Кочани.

Во пожарот што избувна во дискотека во Кочани животот го загубија 59 лица, а 158 се повредени.



Слични Објави