| |

Франција и Бугарија ги продлабочуваат парламентарните и деловните контакти

Француска парламентарна делегација, составена од пратеници од двата дома на францускиот Парламент и членови на групите за пријателство меѓу Франција и Бугарија, престојува во четиридневна посета на Бугарија, соопшти Амбасадата на Франција во Софија.

Во рамките на посетата, француските парламентарци ќе остварат средби со бугарски колеги, претставници на францускиот бизнис во земјата, стопанските кругови и граѓанското општество.

„Оваа недела пречекуваме француска парламентарна делегација, составена од пратеници од двата дома, членови на групите за пријателство меѓу Франција и Бугарија“, наведуваат од француската Амбасада.

Делегацијата денеска се сретна со образовната заедница во Францускиот лицеј „Виктор Иго“ во Софија.

Потоа француските парламентарци одржаа средба и со Групата за пријателство меѓу Бугарија и Франција во бугарскиот Парламент и со нејзиниот претседател Слави Василев.

За време на четиридневната посета се предвидени и контакти со претставници на бизнис-заедницата, Француско-бугарската трговска и индустриска комора, посети на терен и средби со претставници на граѓанското општество.

Според Амбасадата, овие активности „ќе придонесат за зајакнување на врските меѓу двете земји“.

Слични Објави