ФРЧКОСКА: ВЛОШЕНА СОСТОЈБАТА НА ЈАНЕВА, ЌЕ СЕ БАРА УКИНУВАЊЕ НА ПРИТВОРОТ
Здравствената состојба на екс-шефицата на СЈО, Катица Јанева е влошена, информираше нејзината адвокатка, Ирена Фрчкоска во интервју за ТВ21.
Одбраната на Јанева додаде дека ќе се бара укинување на притворот и овозможување таа да се брани од слобода под гаранција со нејзиниот имот.
Катица Јанева безмалку еден месец е во притвор во затворот во Шутка, како осомничена во случајот „Рекет“.
