ФРЧКОСКИ: РАМКОВНИОТ ДА СЕ ОДВОИ ОД ДРУГИТЕ ДОКУМЕНТИ НА КОИ СЕ ПОВИКУВА УСТАВОТ

Вести Истакнато Македонија

Најголем дел од вчерашната дебата во рамки на јавната расправа за уставните амандмани беше посветена на преамбулата. Според експертите, таа треба да има посеопфатен карактер. Премиерот останува на ставот дека е отворен за подобрување на текстот на амандманите, но во рамки на принципите на Преспанскиот договор.

За Љубомир Фрчкоски, еден од авторите на актуелниот Устав, Охридскиот договор треба да се одвои од групата документи на кои се повикува Уставот бидејќи временскиот јаз помеѓу првиот устав и овој Договор потпишан во 2001 година не дава логична основа за негово обединување со документите на АСНОМ, Крушевска Република и референдумот за независност.

Според другиот уставотворец, преамбулата треба да ги третира Албанците како граѓани кои придонесоа за формирање на државата и да не ги определува како етникум.

Професорот Блерим Река отвори сомнеж дека процесот може да биде загрозен ако пратениците што се исклучени од ВМРО-ДПМНЕ не се амнестираат. Тој вели  додаде дека опозициските партии на Албанците, исто така, може да побараат отстранување на Охридскиот Договор од Преамбулата, со цел, во уставот децидно да се нагласи албанскиот јазик, а не тој да биде именуван како јазик кој го зборуваат над 20 проценти од населението.

Дебатата за уставните измени продолжува утре на Универзитетот ФОН. По завршувањето на јавната расправа, Владата подготвува извештај и до Собранието ги доставува предлог- амандманите.

Извор: AlsatM