ГАЈСЕР: ЗАЕВ ЈА ЗАВРШУВА СВОЈАТА ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

/

Новинарот на весникот „Ла Верита“, Ларис Гајсер за радиото Каподистрија предмалку ги анализираше случувањата поврзани со аферата „Рекет“. Гајсер коментира дека политичката кариера на македонскиот премиер Зоран Заев е завршена . Според него Заев нема меѓународен кредибилитет и навестува промена на премиер. Тој напомена дека „претседателот Пендаровски со прес-конференцијата покажа дека полека се дистанцира од Заев“.

Тој вели дека по објавувањето на аудио разговорите очекувал дека лицата чии гласови се слушаат ќе негираат дека се работи за нив. Додава уште дека не спиел од страв дека луѓето од снимките ќе негираат дека се тие. Гајсер посочува уште дека се разоткрила корупција на ниво политика и судски органи.



Претходна статија

ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО СО РЕАКЦИЈА ДО ПЕНДАРОВСКИ: НЕ Е РАБОТА НА ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА СЕ МЕШААТ ВО КРИВИЧНИ ПОСТАПКИ

Следна статија

ПОЖАР НА ГРЧКИОТ ОСТРОВ ЕВИЈА, ЧАДОТ СТИГНА ДО АТИНА

Најново од Вести