ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО СО РЕАКЦИЈА ДО ПЕНДАРОВСКИ: НЕ Е РАБОТА НА ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА СЕ МЕШААТ ВО КРИВИЧНИ ПОСТАПКИ

/

Јавното обвинителство на Република Македонија укажува дека не е време за напади на институциите и нема да дозволи дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите, велат од Обвинителството.

Изјавата на претседателот на Република Македонија дека дава целосна поддршка на обвинителството и дека ќе ги употреби сите уставни и законски овластувања за да го заштити од притисоци ќе беше реална, доколку повикаше пратениците да го изгласаат Законот за јавното обвинителство и доколку дадеше поддршка за зајакнување на капацитетите на обвинителството за поефикасна борба против криминалот и владеење на правото.

ЈОРСМ ја уверува јавноста дека за посочениот предмет, се постапува неселективно и навремено, според утврден план на истрагата и дека сите инволвирани во кривични дела ќе бидат сослушани или испитани и ќе одговараат согласно законот. ЈОРСМ уште еднаш потенцира дека подлегнувањето на политички притисоци и мешање во работата на обвинителството, штетно влијае врз текот и успешноста на истражната постапка и врз обезбедување на доказите, стои во соопштението на Јавното обвинителство.



Претходна статија

(ВИДЕО)ЧОВЕК СО НОЖ УБИ ЕДНА ЖЕНА И ИЗБОДЕ НЕКОЛКУ А СЛУЧАЈНИ МИНУВАЧИ ГО СОБОРИЈА

Следна статија

ГАЈСЕР: ЗАЕВ ЈА ЗАВРШУВА СВОЈАТА ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Најново од Вести