СПАСОВСКИ: 200-ТЕ ИЗЛЕЧЕНИ ОД КОВИД-19 СЕ ДОПОЛНИТЕЛНА МОТИВАЦИЈА ДА ПРОДОЛЖИМЕ ВО СПРЕЧУВАЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ

//

Премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук објави дека 200 излечени наши граѓани од Ковид-19 е веста што ни дава дополнителна мотивација да продолжиме заеднички со лечењето и со спречувањето на ширењето на коронавирусот.

– Регистриравме и ден со поголем број излечени од новозаразени. Тоа е резултат на големата, огромна посветеност за здравствените работници и на граѓаните што се придржуваат до мерките на претпазливост. Тие ги заслужуваат најголемата благодарност и сите признанија, вели Спасовски.

Премиерот во објавата апелира да продолжиме да ги почитуваме мерките за физичка дистанца, за носење лична заштитна опрема, да се воздржиме од групирања и така да создаваме услови за стабилизирање на животот и постепено нормализирање под изменети услови.





Претходна статија

СВЕТОТ ДО 10 ЧАСОТ: БЛИЗУ 2,5 МИЛИОНИ ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНА ВИРУС

Следна статија

ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ОД ТЕТОВО

Најново од Вести