| |

Гала-спектакл во Пловдив за 170 години од обновувањето на храмот „Св. Марина“

На 15 јули 2026 година, со почеток во 20:30 часот, во Античкиот театар во Пловдив ќе се одржи гала-спектаклот „Светлина низ вековите“, посветен на 170-годишнината од обновувањето на Митрополитскиот храм „Св. великомаченичка Марина“, јавува Актуално.

Настанот се организира со благослов на Пловдивскиот митрополит Николај и по иницијатива на црковното настојателство на храмот. Во програмата ќе учествуваат познати бугарски музичари, актери, балетски уметници, танчари и хорски состави, меѓу кои Марта Петкова, Никола Хаџитанев, Нина Николина, Мариус Куркински, Марија Славова и браќата Владигерови.

Специјален гостин ќе биде пијанистот Евгени Генчев, кој ќе го изведе „Ноктурно“ од Фредерик Шопен. Водители на вечерта ќе бидат актерите Евелин Костова и Антани Пенев.

Средствата од продажбата на билетите ќе бидат наменети за зачувување и одржување на храмовите, како и за духовно-просветната дејност во Пловдивската епархија.

„Храмовите се градат од камен. Но се зачувуваат од луѓето, уметноста и сеќавањето“, порачуваат организаторите.

Одбележувањето ќе продолжи на 16 јули со литиска поворка и празнична архијерејска вечерна богослужба, а на 17 јули митрополитот Николај ќе ја предводи празничната света литургија.



Слични Објави