| |

(Галерија) Бугарската амбасада во Скопје им оддаде почит на бугарските херои Христо Ботев и Борис Дрангов

Амбасадата на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Бугарскиот културно-информативен центар и заменикот на воениот аташе го одбележаа 2 јуни – Денот на Христо Ботев и на загинатите за слободата и независноста на Бугарија.

Амбасадорот Желјазко Радуков, директорката на БКИЦ Скопје Антонија Велева, заменик воениот аташе мајор Дијан Динев, положија цвеќе пред барелефот на Ботев на зградата на бугарската амбасада и на гробот на полковник Борис Дрангов на градските гробишта Бутел.

„Да се потсетиме на Ботев на овој ден, не значи просто да положиме свежо цвеќе. Тоа е моментот во кој ние со гордост, гледаме кон нашето минато, кон цената што сме ја платиле за нашата слобода и за тоа што треба да го направиме за да ја зачуваме таа слобода и да ја развиеме нашата земја. Да им оддадеме почит на сите оние кои го дале својот живот со едноминутен молк“, изјави амбасадор Радуков пред барелефот на бугарскиот поет и револуционер Христо Ботев на зградата на бугарската амбасада во Скопје.

По отдавањето почит пред ликот и делото на Христо Ботев, беа посетени и градските гробишта Бутел, каде што делегацијата претводена од амбасадорот Радуков запали свеќа и положи свежо цвеќе на гробот на славниот бугарски војсководец и воен педагог полковник Борис Дрангов.

Во своето кратко обраќање амбасадор Радуков ги цитираше последните зборови на полковник Дрангов пред да почине, а имено „Колку многу сакав да ѝ служам на Бугарија“.

„Се надевам дека ќе бидеме доследни на неговиот пример“, истакна уште амбасадор Радуков.



Слични Објави