Делегација на бугарската амбасада во Скопје, предводена од заменик-амбасадорот Димитар Карастојанов, поднесе венци и свежо цвеќе на гробот на големиот бугарски револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, по повод 119-та годишнина од неговата смрт.
„Се собравме денеска да поднесеме венец, по повод 119-та годишнина од погибијата на големиот Гоце Делчев- фигура од општата историја на Република Бугарија и Република Северна Македонија“, изјави заменик-амбасадорот Димитар Карастојанов.
Свежо цвеќе на гробот на великанот Гоце Делчев поднесе и неговиот потомок од Бугарија, познатиот бугарски диригент маестро Христо Христов, заедно со неговата сопруга. Маестро Христов е внук на најмалиот брат на Гоце Делчев- Христо.
Годинава посетата на делегацијата на бугарската амбасада помина без провокации, од страна на навивачки групи и под сериозни безбедносни мерки.