ГАЛЕРИЈА: ГДУ ќе работи за напредна безбедна и европска Македонија
Вчера се основа новата политичка партија Граѓанско Демократска Унија. За нејзин прв претседател е избран г-дин Петар Колев. На Основачкото собрание беа присутни голем број основачи, истомисленици, гости од Европскиот Парламент и дипломатскиот кор во Република Македонија. Во своето обраќање претседателот на Граѓанско Демократската Унија (ГДУ), Петар Колев, изјави дека новиот политички субјект ќе работи за воспоставување на правна држава, воведување на ред и правдина и нејзин просперитет.
Г-динот Петар Колев ја истакна важноста на прашањето „во каква држава сакаме да живеат нашите деца“, подвлекувајќи дека Македонија треба да стане силна и безбедна држава за сите нејзини граѓани.
На Основачкото собрание свои говори одржаа и дел од официјалните гости, европратениците Ружа Томашиќ (Хрватска) и Ангел Џамбаски (Република Бугарија), членови на групата на Европските конзервативци и реформатори во Европскиот Парламент. Во своите говори гостите ја искажаа својата поддршка за Република Македонија и наведоа дека Македонија не е сама во борбата за подобра иднина.
Новата партија ГДУ е стационирана центар-десно во политичкиот спектар и е со изразено граѓански карактер.














