(Галерија) По седми пат во Драчево се одржа Меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на Сашо Оцевски- Мешко
Вчера на игралиштето за мал фудбал Голем парк, населба Драчево се одржа седмиот по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Сашо Оцевски- Мешко“, во чест на поранешниот фудбалер и медиумски работник Сашо Оцевски.
Овој традиционален меморијален турнир се одржува по повод роденденот на Сашо, а е организиран од неговото семејство и пријателите.
Годинава на турнирот беше одигран само еден ревијален натпревар меѓу екипите на „Млади“ и „Стари“ од улица Коперникова во населбата Драчево. Победата отиде кај тимот на „младите“ од Коперникова.
Саше Оцевски беше поранешен фудбалер, медиумски работник и голем заљубеник во спортот, но пред се, прекрасен човек.
Погледнете ја галеријата од настанот: