Се разговара за создавање на меѓународна организација на Бугарите
Претседавачите на регионот Тараклија, Лазар Дерменжи и Сојузот на Бугарите од Банат, пратеникот во романскиот парламент, Георги Наков, разговараа за соработка и поддршка во меѓународните проекти насочени кон зачувување на културно-историското наследство на Бугарите и одржувањето на Бугарскиот државен универзитет „Григориј Цамблак“ во Тараклија, јавува Радио Бугарија.
На средбата што се одржа во романскиот парламент во Букурешт, Дерменжи и Наков договорија чекори за создавање меѓународна асоцијација на Бугарите. Во асоцијацијата е предвидено да учествуваат по двајца претставници на бугарските заедници од Украина, Молдавија, Унгарија, Романија, Словачка, Северна Македонија, Албанија, Грција и останатите европски земји.
„Целта на здружението е да ги застапува и заштити интересите на бугарските национални малцинства на сите нивоа. Во исто време, да одигра важна улога во спречувањето на глобалните промени кои можат да влијаат на нивниот начин на живот. Првата средба на ново создаденото здружение ќе се одржи во Парламентот на Романија“, соопшти Окружниот совет Тараклија во Молдавија.
