(Галерија) Со желби за успех и отворен музички час беше отворена новата учебна година во бугарското неделно училиште „Здравеј“ во Скопје
Новата школска година беше отворена и за повеќе од 40 ученици на бугарското неделно училиште „Здравеј“ во Скопје, за осма година по ред, јавува БТА.
Директорката на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, Антонија Велева, им честиташе на учениците, родителите и наставниците од училиштето, кои ја исполнија отворената галерија на установата.
Заменик амбасадорот на Бугарија во Република Северна Македонија, Петар Петров, се присети на емоциите од својот прв училишен ден. Тој им посака на учениците во патувањето кон знаењето да ја задржат возбудата за следниот почеток, а на наставниците да ја задржат будна искрата, што ќе ги однесе нивните ученици во нови светови.
Добре дојде во новата учебна година на учениците и наставниците им посака директорката на училиштето Илијана Атанасова, која истакна дека мисијата на училишниот тим е создавање трајно знаење за изучените предмети и љубов кон Бугарија.
„Мјузиклот и фолклорот во него“ беше темата на отворениот час на пејачките Десислава Добрева и Десислава Христова, кои со своите изведби ја воодушевија публиката.








