| |

УЧЕБНА АГОНИЈА НАМЕСТО УЧЕБНА ГОДИНА

Пука филм! “Наместо да ги пратеа во Охрид на журкање, требаше да им набават компјутери”. Б Стаменов

Владата и МОН имаа долг период за размислување, а не за С П И Е Њ Е и терање К А М П А Њ И, па ако сакате доволно време за да го земат предвид и враќањето на рестрикциите. Ги плаќаме за да работат, а не да дремат и да вршат анкети. Еве, во месец август да имаше карантински викенди и рестрикции после 21-22 ч. или полициски час, па колку – толку можеби ќе се доведовме до септември во некоја блага нормала ќе се овозможеа услови за нормална настава (со протоколи, се разбира).

За групирањето и седенките во кафетериите, кој е виновен? Ги контролира мајка/татко/баба/дедо нив? Кафетериите ги отворија по препорака на Комисија, а децата живеат со родители/ старатели. Децата што акаат без маски и во групи веројатно имаат родител, и/ старател/ и тој/таа/ тие имаа пола година за да им укажат на своите деца за опасноста од вирусот и да ги научат да почитуваат мерки, зарем не? Не се двегодишни деца тоа па да не разберат.

Истите тие деца ќе делат ист воздух, иста просторија со оние кои се совесни и одговорни. А, верувајте, и има мн. Ги гледам седнати во парк, 2-3 средношколци/ки, на дистанца си пијат кафе. Ако се сака, се може. Ние роднини си немаме видено пола година, заборавив како изгледаат, они се разуздале по кафани и викендици. Но, нашава младина не сака да си го наруши комодитетот и да се лиши од слободата и задоволствата и после нивните родители ќе мрчат дека ќе затупеле.

Ако родителите беа толку загрижени за образовниот процес, како што наводно тврдат и ако навистина се плашеа дека децата ќе им останат неписмени, а и како што велат “без спомени”, требаше да извршат притисок врз надлежните за да се вратат рестрикциите и мерките, а не да чекаат да дојде септември за да им се приберат децата од улица. И, да, нели имаме и ресорно Министерство задолжено за воспоставување на редот и мирот?

Сите сме соучесници во порастот на бројките. Едни оти не почитуваат мерки, други оти ќутат за се’ што се случува.

Автор: Тања Сами

Слични Објави