(Галериja) Светски познатата оперска прима Александрина Пендачанска со гала концерт во Националната опера и балет во Скопје
Со арии од Росини, Бах, Бизе, Моцарт, Верди, Леонкавало и други композитори, светски познатата бугарска оперска пејачка Александрина Пендачанска синоќа ја почести публиката во Националната опера и балет на Република Северна Македонија во Скопје.
Пендачанска ѝ се заблагодари на публиката за топлиот пречек и соопшти дека нејзиниот дедо по кого е крстена е со потекло од Скопје.
На гала концертот учествуваа сопранистката Ралица Богданова и тенорот од Северна Македонија Зоран Сотиров. Оркестарот на Националната опера и балет на Северна Македонија го диригираше Бисера Чадловска, а настанот беше организиран со поддршка на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.
Ова е прв настап на бугарската оперска дива во главниот град на РС Македонија.











