(Галерија/Видео) Кај селото Оздолени се одржа панихида за бугарскиот офицер Тома Давидов
Во охридското село Оздолени денеска се одржа панихида за војводата Тома Давидов. Панихидата беше организирана од здружението „Цар Борис III“ од Охрид.
На местото на погибијата на големиот војвода беше поставена нова плоча, бидејќи претходната беше искршена од вандали.
На настанот беа присутни членови и симпатизери на здружението, претставници на Генералното конзулство на Република Бугарија во Битола и други почитувачи на ликот и делото на војводата Тома Давидов.
Тома Давидов е бугарски офицер роден во Ловеч Бугарија, припадник на Организацијата, кој загинал во борба со турскиот аскер крај селото Оздолени.






