(Галерија) Во бисерот Љубаништа – ред ѓубре, ред диви туристи
Охридските комунални инспектори го имаат заборавено Љубаништа, бисерот на Охридското Езеро. Иако кампот може да се пофали со беспрекорна хигиена, малку потаму секоја година никнува див кампинг и покрај тоа што се поставени знаци дека е забрането кампирање на тој дел.
Проблемот е поголем затоа што дивите кампери забораваат да го соберат ѓубрето што го оставаат зад себе, а како да постои и натпревар кој ќе се паркира поблиску до езерото. И така, ова парче од брегот е ред ѓубре и фекалии, ред разгорени скари на дивите туристи кои не се свртуваат зад себе кога ќе си заминат.
Галеријата погледнете ја ТУКА


