| | |

(Галерија) Во Битола беше отворена канцеларијата на бугарското здружение „Балкански мост“

На 19.02.2025 беше отворена канцеларијата на бугарското здружение „Балкански мост“ од Битола. На настанот беа присутни членови, пријатели и поддржувачи на организацијата, како и претставници од Амбасадата и Генералниот конзулат на Р. Бугарија во Република Северна Македонија.

Свеченоста ја отвори претседателот на здружението Љупчо Јошевски, кој упати порака дека треба да ги оставиме предрасудите, да учиме повеќе едни за други и да ја согледаме вистината, бидејќи само тоа ќе ни донесе напредок и просперитет на патот да станеме дел од европското семејство.

Свои поздравителни обраќања кон присутните имаа амбасадорот на Република Бугарија Желјазко Радуков и генералниот конзул Николај Димитров. Свечениот дел на настанот завршил со читање на поезија од страна на Филип Јовановски.



Слични Објави