| |

(Галерија) Во Театарот за деца и младинци во Скопје се одржа промотивниот полугодишен настан во рамките на проектот „Творилница 3“

Во салата на Театарот за деца и младинци во центарот на Скопје вчера се одржа промотивниот полугодишен настан во рамките на проектот „Творилница 3“ на „Академија Здравеј“ Скопје. Проектот „Творилница“ преку уметнички и занаетчиски работилници дава можност да се развиваат креативните вештини на децата и младите од 7 до 18 години по примерот на културните центри во Бугарија.

Проектот е финансиран од Бугарска помош за развој, обезбедена од Министерство за надворешни работи на Република Бугарија. Истиот го спроведува невладиното здружение на граѓани „Здравеј“, раководено од г-ѓа Илијана Атанасова – автор и носител на проектот, во периодот декември 2022-декември 2023 година.

Вчера пред преполната сала на Театарот за деца и младинци беа прикажани сите сработени досега проекти на децата учесници во „Творилница 3“.

ДАЈТЕ РАЦЕ – музички перформанс со учениците на Билјана Лазареска ООУ “Вера Јоциќ” и Биљана Стојановска ООУ “Кирил и Методиј” во рамките на Музичко – драмскиот клуб со Теа Трајковска и Ангела Димитрова. Учениците одржале 10 работилници и посетиле три театарски претстави.
БОГАТСТВО -драматизација со учениците на ООУ”Ѓоргија Пулевски во рамките на
Драмски клуб со Трајко Јордановски. Учениците одржале 6 работилници со присуство на проби за драмски и оперски претстави и ја разгледале Национална Опера и балет со едукативна цел.
ДО РЕ МИ…- хорска изведба со кореографија со учениците на Билјана Лазареска и Биљана Стојановска со Теа Трајковска во живо со придружба на електричен клавир.
КОЈ ЗА ШТО СОНУВА – драматизација со учениците на Билјана Стојановска по текст на Ксенија Маказлиева Трајчева менторирани од авторката и Трајко Јордановски
ЛЕЈЛА и АЛБИНА – музичка интерпретација во во живо под менторство на Теа Трајковска.
ПОСТЕР НАСИЛСТВО со учениците на Маја Ѓеоргиева Павловски и Маја Сирефамова во рамките на
Писателско-читателски – новинарски клуб под менторство на Ксенија Маказлиева Трајчева со одржани 9 работилници, организирана посета на МТВ, работа со професионални новинари и камерман од МТВ. Во рамките на активностите на клубот се одржани 4 онлајн предавања за ученици и наставници:
-Медиумска писменост со Билјана Лазареска, „Помеѓу насилството и булингот“ со Маја Георгиева Павловски, „Библиотерапија“ со Маја Трајковиќ и работа со талентирани ученици со проф. д-р Снежана Мирасчиева. Реализирана исто така е и работилница за читачки вештини со Маја Трајковиќ.

МЈУЗИКЛ – СИТЕ СМЕ ВАЖНИ со учениците Вера Ангелова и Меропи Ѓорѓиева – под менторство на Ангела Димитрова, Теа Трајковска и Ксенија Маказлиева Трајчева. Беа презентирани и литературни творби, чии автори се ученици на Елизабета Теодосиевска од “Јан Амос Коменски” и на учениците од “Рајко Жинзифов” под менторство на Ксенија Маказлиева Трајчева

Ликовниот клуб со ментор проф. д-р Александра Ристовска, одржа 5 работилници, посети изложба во Резиденцијата на Амбасадорот на ЕУ, а во фоајето на Театарот за деца и младинци постави изложба на ликовните дела на учениците од гимназиите: “Јосип Броз Тито” со Ангелина Дамјаноска Наумоска “Никола Карев” – Билјана Крстова и учениците на од основните училишта на Маја Трајковиќ, Елизабета Теодосивеска, Соња Дракулевска Богдановска.

Во рамките на настанот беа прикажани следните видео материјали:

Новинарски прилог со Елизабета Кузмановска и учениците на Билјана Лазареска и Биљана Стојановска

“Ангелка и Ѓаволко” Краток филм во три дела со учениците на Соња Д.Богдановска од ООУ “Димитар Миладинов” – драматизација под менторство на Трајко Јордановски, сценарио под менторство на Ксенија Маказлиева Трајчева, снимател Јован Лесански

Интерјву со Даниела Алексовска со учениците на Меропи Ѓеоргиева од ООУ*Кузман Јосифовски Питу”.
Спортски клуб и Младински активизам – видео презентација на одржаните пет работилници во природа и на базен пидготвено од Мила Трајчева.
Во рамките на клубот Младински активизам, реализирано едно предавање во живо, онлајн работилници и работни состаноци со интерактивни предавања и активности, организирана акција за донација на книги, напишани над 100 мотивациони пораки поделени на завршниот настан.

Интервју со Трајко Јордановски со учениците на Соња Д. Богдановска под менторство на Ксенија Маказлиева Трајчева.

Видео за активностите во стрип работилница во ООУ “Невена Ѓеоргиева Дуња” под менторството на Маја Трајковиќ.

Салата на Театарот за деца и младинци во Скопје не беше доволно голема за да ги собере сите гости на настанот и голем број од нив ги проследија настапите на децата на нозе. Гости на настанот беа претставници на бугарската амбасада, заменик-амбасадорот Петар Петров, генералниот конзул во Скопје Георги Христов, генералниот секретар на амбасадата Елена Ованезова-Слатинска, директорката на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје Антонија Велева, сопругата на амбасадорот на Република Бугарија во РС Македонија Билјана Ангелова и голем број пријатели на Бугарија.

Проектот на „Здравеј“ „Творилница“ е поттикнат од бројните примери на млади таленти од Бугарија и РС Македонија и нивните достигнувања во странство. Богатата културна разновидност и традиции во РС Македонија даваат прекрасна можност за примена на најдобрите европски практики во развојот на креативните и музичките способности на децата.

Годинава главните теми и работилници преку кои се активирани учениците кои земаа учество во проектот беа:

МОЕТО УЧИЛИШТЕ ВО 21 ВЕК, НАСТАВНИК И УЧЕНИК… – што е тоа, какви сме и што сакаме да бидеме во креирањето на нашата сопствена визија за дом од соништата

ЧИТАЊЕ – КОЛКУ САКАМЕ ДА ЧИТАМЕ? ЗОШТО? ПЕЧАТЕНИ ИЛИ ЕЛЕКТРОНСКИ ИЗДАНИЕ? – Како читањето влијае на нашето размислување? Какви емоции предизвикува кај нас? Како да изберете книга? Кои критериуми треба да ги следиме при изборот? Навиките за посета на библиотеки и колку се тие важни за младите и општо општеството – проф.д-р Ана Витанова Рингачева, м-р Маја Трајковиќ, со интерактивни работилници за деца и наставници

ИЛУСТРАЦИЈА, КАЛИГРАФИЈА, КАРИКАТУРА И ИЗДАВАЊЕ – Стрип илустрација, проф. Александра Петрушевска Ристовска – уметник и универзитетски професор, како и добитник на бројни меѓународни награди

ЕКОЛОГИЈА – БИЛЕТ ЗА ИДНИНАТА

ЉУБОВТА КАКО УНИВЕРЗАЛЕН ПОИМ И ВРЕДНОСТ НА ЧОВЕСТВОТО

СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ СОВРЕМЕНИОТ ЧОВЕК – Влијанието врз децата и младите, влијанието врз општеството во целина

НАСИЛСТВО И БУЛИНГ – онлајн предавање на м-р Маја Георгиева Павловски, семеен советник

МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ – ЧЕКОР НАПРЕД ВО ПОЗИТИВНИТЕ СОЦИЈАЛНИ ПРОМЕНИ – Билјана Костадинова и Мила Трајчева, општествени активисти

МОДАТА КАКО НАЧИН НА ЖИВОТ – брендови и брендирана облека – предизвик, потреба или желба да се препознае и претставува социјалниот статус.



Слични Објави