Гарелов: Ако на браќата во Македонија им е потребна нашата помош, ќе не запрат ли на границата
„Ако на нашите браќа во Северна Македонија им е потребна нашата помош, дали ќе не запрат ли на границата? Дали ќе престанат со кавгите, предрасудите, навредите, погодената гордост? Ова се оправдувањата за оваа омраза. Мораме ли да живееме само според различни договори, со некакви документи на хартија? Тие ли треба да ги водат нашите човечки постапки? Мора да се случи нешто за да ни се разбудат добрососедските чувства. Не се работи за меѓудржавните односи, туку за луѓето од двете земји“. Ова во интервју за радио Фокус го изјави познатиот бугарски новинар Иван Гарелов, како коментар на темата за тоа како неволјата ги обединува луѓето и сите политички пресметки се оставаат на страна.
„На пример, во 2016 година имаше поплава во Македонија, загинаа 22 лица, а потоа беше затворен и автопатот кај Скопје. Беа потребни месеци да се реконструира целиот пат- зафатена беше една патна клучка: Стајковци – Черешово. Единствената помош, според некои настрадани од поплавата, тогаш дошла од Бугарија – ова го пренесе, се сеќавам, дописникот на бугарската телевизија. Се сеќавам дека еден жител на Стајковци рече: „До сега никој не ни помогнал, само Бугарија“. Тој не беше политичар. А притоа од македонска страна никој не ги организираше екипите, не им покажа што треба да прават. 20 тони бугарска минерална вода потоа замина кај настраданите. Нашите пожарникари потоа останаа достапни на територијата на Македонија и по завршувањето на нивната мисија. А во следната 2017 година Бугарија и Македонија потпишаа Договор за соработка во заштита од катастрофи. т.е. гледаме како политичарите ги следат граѓаните на нивните земји. Па, се надевам дека сега нема да не запрат на граница ако треба повторно да си помагаме“, додаде тој.

