Газета Експрес: Косовската полиција и службата за безбедност знаат кој е извршителот на убиството на Оливер Ивановиќ

//

Извори на електронското издание на “Газета експрес” од Косовската разузнавачка агенција (КИА)
и полицијата открија дека е познато името на убиецот на претседателот на Граѓанското движење “Слобода, демократија, правда “Оливер Ивановиќ, кој беше застрелан на 16 јануари 2018 година во Косовска Митровица.
“КИА и косовската полиција имаат информации за тоа кој го извршил убиството, и какви се неговите  мотиви, открива извор кој медиумот го дефинира како” сигурен “.
“Можеби тие ги немаат сите информации за да наредат апсење на наводните сторители,
но тие имаат трага. Безбедносните институции, најверојатно, ќе ги информираат политичките водачи, во Косово, и во Србија, за нивните наоди “, рекол изворот.
Потсетуваме дека Оливер Ивановиќ беше убиен на 16 јануари пред седиштето на неговата партија. Само неколку дена пред да биде убиен, Ивановиќ признал пред српските медиуми дека не се чувствува безбедно.



Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Дурловски, Јовановски, Божиновска, Илиевски, Дамовски, шесте пратеници и останатите притворени не се терористи

Следна статија

Димитров на „домашен“ терен ќе се сретне со Коѕијас

Најново од Вести