ГДУ БАРА ЗАТВОРАЊЕ НА ПЕЈПЕР МИЛ ЗАРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА КОЧАНИ

Заштита на здравјето на жителите на Кочани и затворање на најголемиот загадувач на животната средина, фабриката за хартија по завршувањето на Парламентарните изборите, бара претседателот на Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) Петар Колев.

loading...

На денешната прес – конференција, што се одржа пред капијата на кочанската фабрика „Пејпер Мил“, која е дел од Унитрејд Кластер, Колев потенцираше дека и жителите повеќепати во изминатиот период ги повикуваат институциите да ги заштитат од опасноста што се наметнува врз нивното здравје.


loading...

„Ги повикувам надлежните институции, Јавното обвинителство, Министерството за животна средина и Канцеларијата на Европската Комисија во Скопје веднаш по завршувањето на изборите да преземат активности за заштита на здравјето на жителите и на животната средина во Кочани. Апел упатуваме и до менаџментот на компанијата итно да ја смени технологијата и горивата што ја загадуваат средината. А, ако граѓаните ни дадат доверба да ги претставуваме во Собранието на Македонија, нашите пратеници веќе на првите собраниски седници ќе ја отворат темата за затворање на фабриката за „Пејпер Мил“, која неколку години наназад е најголемиот загадувач во Кочани“, изјави Колев. Повеќе на www.komarec.com.mk