| |

ГДУ КИЧЕВО: ДЕХАРИ ДА КАЖЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА НА КИТИНО КАЛЕ

„Фатмир Дехари (Али Ахмети) со години најавува дека Китиното Кале ќе стане вистинска атракција во Кичево, но никогаш не сме слушнале од него конкретно што точно замислил да прави. Во Калето се копа, а кичевчани се прашуваат што се случува. Што ќе биде со спомен обележјата? Ќе може ли и понатаму да се одржува Кале фест- најголемата фестивалска атракција во градот?
За реконструкција на парк шумата во центарот на Кичево „Китино Кале“ општината доби пари од ИПА 2 фондовите, а 10 проценти, според најавите, требаше да ги обезбеди општината. Распишан беше јавен повик за доставување понуди за реконструкција, но колкава е вредноста на тендерот, која компанија го доби, што точно ќе прави таа компанија, никој не знае.
Ги повикуваме Дехари (Ахмети), советниците на СДСМ и ДПМНЕ во општината, да излезат пред граѓаните на Кичево и да кажат што се прави во Китиното кале, какви содржини ќе има? За што се потрошени парите од ИПА фондовите, а за што општинските пари?
Уште во 2014 во првиот мандат на Дехари се најавуваше дека кичевското кале ќе добие нов лик. Тогаш иформациите од општината беа дека за нови патеки, одморалишта и зеленило ќе се потрошат 80 илјади евра. Колку пари ќе бидат потрошени сега и кој ќе ги добие? Кој ги врши градежните работи? Зошто се споменуваат повторно нови патеки?
Апелираме на транспарентност за целиот проект на Калето. Само за потсетување, во минатиот и овој мандат на Дехари, од општинскиот буџет годишно се испумпуваат вртоглави суми кои завршуваат на сметките на неколку фирми чие газди важат за негови блиски луѓе. Според она што го објавија медиумите, како награда за завршената работа со тендерите Дехари си добивал и станови“, стои во соопштението на ГДУ-Кичево.



Слични Објави