|

ГДУ-КУМАНОВО: БАРАМЕ РКЕ ДА ИЗВРШИ КОРЕКЦИЈА НА ЦЕНИТЕ НА ПАТАРИНИТЕ

„Веќе неколку недели по ред поевтинуваат горивата и нафтените деривати. Сега се на рекордно најниски цени во последните 20 или повеќе години. И наместо психолошката граница над 80 денари по литар, сега се продаваат под границата од 50 денари по литар бензин или дизел.

Каде е сега општествената солидарност во Македонија? Каде се ЈП за државни патишта и МАКАМ-ТРАНС да реагираат со барање да се поевтинат патарините и да се намали трошокот по поминат километар за транспорт на лица и стока? Каде се производителите на леб и други прехранбени производи и сите оние компании кои тогаш бараа поскапување на производите, а сега нешто премолчуваат ? Или лесно е да се оди со цените нагоре, а тешко е да се спуштаат истите?

Граѓанско Демократска Унија- Куманово бара РКЕ да постапи по службена должност и да изврши корекција на цените на патарините, на транспортот на луѓе и стока, на цените на сите оние производи, што беа покачени како резултат на поскапувањето на нафтата.
Кога процесот одеше кон поскапување, сите овие чинители беа гласни и напомнуваа дека во спротивно многу луѓе ќе останат невработени. Сега процесот треба да оди реверзибилно, односно смалување на цените на нивото на кое беа, кога нафтата беше на овие цени кон крајот на 20 и почетокот на 21 век.
Или воените профитери во ова вонредна состојба не се подготвени да се откажат од екстра профитот? Сега како држава сме исправени пред два предизвика-совладување на вирусната епидемија, но и на економската рецесија која ни доаѓа.

Мора да има одговорност и да не се дозволи никому да се богати на грбот на нашите граѓани. Не е доволно да се бара солидарност само од граѓаните. Мора и претпријатијата да си го сносат својот дел од товарот“, стои во соопштението на ГДУ-Куманово.

Слични Објави